https://www.flickr.com/photos/markhodson/14856861681/in/photolist-oCRinB-bu95Xh-2kcGqxS-2miDmmt-2jkXmYo-6Aaiw2-GjN6Jb-6pqCEo-CkLuzV-RmDN2R-7otC9e-2kHtBtK-2nbJruf-2kT7DKW-UxG9CJ-2dZn4mQ-2jnag5p-2nuC3eG-uKC4cN-2dSyTnF-xVPZav-RjmPGR-2nBUy2u-2kwwgYQ-Xue8eN-2n3wJXL-XeiunJ-XX74xc-2hmZe88-2gUMnYj-F9ygHy-27Ezwyu-Z2jnYH-Frq2G8-2m9LPhn-2jnn94Y-Cws9qR-2fkPvkb-pZhU8b-FLYBgW-7aQp9p-7B2Rm1-4xB65T-AKucMf-5ahieh-m17ogM-R9MFrY-Lx8gkG-Gpe2vr-z984uq

09.08.2022 Скопје

Доларот се зголеми за 0,1 отсто и во еден момент достигна вредност од 135,585 јени, што е највисоко ниво од 28 Јули, додека пак еврото во текот на вчерашниот ден се намали за 0,15 отсто на 1,01815 долари.

Предупредувајќи на продолжена рецесија, Банката на Англија ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен, а еден ден потоа британската фунта се намали на само 1,2004 долари.

Откако во петокот падна за 0,8 отсто, австралискиот долар скокна на 0,6927 долари, додека пак новозеландскиот долар остана стабилен на 0,62435 долари.

На азиските берзи, повеќето регионални индекси денеска беа во минус, додека пак доларот продолжува да расте поради информациите за зголемување на вработеноста во САД.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author