https://www.flickr.com/photos/usdagov/49209755228/in/photolist-2hYuRME-2hYuE1P-2hYxiMj-2kyHTnr-21vKyp6-yW7TQH-aeLFq4-2i2qXXk-2i2qWd8-hz3TMT-a9rYVK-hz3HG3-hz5YmM-hz4mw3-2hYx4ES-2hYyoNq-2i2t6WL-2i2uiwt-hz4iYY-2hYykLo-2hYxbet-2hYyiHF-2hYxhzK-2hYyuZZ-hz3pLd-2i2uvoe-2hYyg3q-2hYyx9i-2hYuZFf-2hYuC7Z-hz42n2-hz3Uh1-hz3UVo-hz66xk-hz3Srh-hz4xco-hz4Rff-hz65w2-hz4kHb-hz4hoL-hz3XrY-2i2tuNY-2i2r86A-2hYxoTG-2hYyACs-2hYyyNR-2hYuXJK-2hYv2W2-hz5xSB-hz3Uzp

12.08.2022 Скопје

Дел од дистрибутерите и продавачите на пелети сметаат дека воведувањето маржа од 10 проценти за огревното дрво и пелетите е задоцнета и чиста манипулација на Владата дека се грижи за своите граѓани. Воедно, додадоа дека Владата ги пуштила низ вода граѓаните, а сега излегува со идеја за некаква си одлука за маржа.

Еден од дистрибутерите на пелети истакна дека воведувањето на маржата била без консултации. Дистрибутерот додаде и дека ако до сегта при продажбата на пелети во цената беше вклучен и транспортот, сега транспортните трошоци ќе треба да си ги подмират граѓаните со калкулација од 18 проценти за услугата.

Директорот на ЈП Национални шуми соопшти дека воведувањето на маржа од 10 посто не се однесува на ЈП Национални шуми, кој појасни дека се уште се чека да се изјаснат од Владата по однос на барањето за покачување на цената на огревното дрво за 20 посто.

Додека пак, од ДПИ соопштија дека имаат извршено 131 надзор кај трговците коишто продаваат пелети, со што неколку трговци заработиле глоба од 200 до 800 евра, но и дека маржата кај различни субјекти се движи од 10 до 40 проценти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *