https://twitter.com/DefraGovUK/status/1557688636241596417/photo/1

12.08.2022 Скопје

Од пред повеќе од 130 години, делови на северна Англија се соочуваат со најмалку врнежи. Британската водоводна компанија „Јоркшир вотер“ најави воведување на одредени рестрикции од 26 Август.
Од компанијата соопштија дека екстремно топлото и сувото време предизвикало реките во Јоркшир да исчезнуваат и резервоарите да бидат околу 20 отсто пониски, отколку што би очекувале за овој период од годината.

Денеска ќе стапи во сила забраната за користење црева за наводнување и прскалки за корисниците на компанијата „Саут ист вотер“, а ограничувања планира и „Темза вотер“ што снабдува 15 милиони луѓе низ Лондон.

Британскиот министер за животна средина, Џорџ Јустис, изминатите денови ги повика компаниите за водоснабдување да преземат мерки на претпазливост, со цел да се заштити снабдувањето со вода и да се справат со последиците од продолжената суша.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *