05.08.2022 Скопје
Од Соединетите Американски Држави тврдат дека војната во Украина ќе предизвика недостиг на храна за 40 милиони луѓе, со што најтешко ќе биде погодена субсахарска Африка.
Линда Томас-Гринфилд, амбасадорката на САД во Обединетите нации, изјави дека САД има обезбедено 4,5 милијарди долари за прехранбена безбедност на Самитот на Г7, а има планови да придонесе со 150 милиони долари во нов пакет помош за хуманитарен развој во Африка, но потребно е одобрување од Конгресот. Воедно, амбасадорката додаде дека Африканците не треба да бидат принудени да избираат страна во повторувањето на Студената војна, но мора да ги знаат фактите.
Според Томас-Гринфилд, клучни причини за глобалниот проблем за снабдување со храна се енергијата, климатските промени, пандемијата и конфликтот, со што најостро ги осудува оние кои гладта ја користат како оружје при војна.
Подготвено од А.Ѓ.