https://www.flickr.com/photos/tr966264/24624391361/in/photolist-DvYrDK-fMczHu-fMcBtE-fLV2eV-fLV1Bp-fLV1K2-fLV3j6-fLV3B2-fMcC2Y-2mv4gaa-2hckB6Y-4J1EZa-4J5V1G-4J1F7V-rfXEsf-c8bvg5-2ncPxvr-4J5V57-rg62Fz-rg65pa-4J5V85-4J5Vj3-4J1FnP-4J5UL9-c8bxeG-ZWgKc3-4J1FyP-4J5UTL-c8bvRs-7c45Fb-c8bvCL-c8bvLs-c8bx85-4J5Vfh-c8bvmf-c8bvWq-c8bxcC-7c4c5G-c8bvs1-c8bwKo-c8bwab-c8bwDm-c8bwoC-c8bxtA-c8bwPs-c8bxoC-c8bwfL-7bZmrB-c8bx3f-7c43TQ

09.08.2022 Скопје

Шефот на тајванската дипломатија, Џозеф Ву, истакна дека воените вежби на Кина околу Тајван претставуваат генерална проба за операција за воена инвазија врз островот. Додека пак, посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајпеј, смета дека послужила само како повод.

Во текот на изминатата недела, Кина ги спроведе досега најголемите воени вежби насочени кон Тајван, со користење боева муниција и стрелање балистички проектили. За време на вежбите, неколку пати кинеските авиони и бродови ја повредиле линијата на разграничување и неколку дена ги блокираа сите морски и воздушни пристаништа на Тајван. Кина штом ги заврши големите воени вежби, веднаш ги започна новите воени вежби со помал обем, додека пак Тајван деновиве ги спроведува редовните вежби на одбрана од евентуален кинески десант.

Џозеф Ву истакна дека операцијата била подготвувана внимателно и долго, а не набрзина, како реакција на посетата Ненси Пелоси. Исто така, додаде дека тактиката на Кина, која вклучува и лансирање балистички проектили, е да се обесхрабрат други земји да се вмешаат во плановите на Пекинг за инвазијата врз Тајван.

Според Џозеф Ву, доколку Кина го заземе островот, би обезбедила целосна контрола на најкористениот поморски пат во светот, од Жолто Море на север до Јужно Кинеско Море на југ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author