20.08.2022 Скопје
Економските политики предводени од Владата и премиерот Димитар Ковачевски, даваат реални и видливи резултати, платите континуирано растат во сите сектори и во време на економска и енергетска криза, велат од власта преку соопштение.
Просечната плата за Јуни годинава е зголемена за 10.9 отсто во однос на истиот месец минатата година и сега изнесува 31.869 денари. Тоа е покачување од 3.125 денари за една година, и тоа во време на глобална криза, стои во соопштението од власта. Ќе продолжиме посветено да работиме и ќе реализираме мерки кои ќе обезбедат повеќе примања во секое семејство и ќе има поголем развој на економијата, се наведува во соопштението од власта.
Подготвено од М.Н.