https://www.flickr.com/photos/fl3a/6322285261/in/photolist-aCFn9i-7FoSkF-5xUmMY-27T9tf-ahnGty-5jZLp4-quEBP4-qddTEe-quEE1P-pxF9Qb-4E24E4-qdfvsT-pxUFKk-quuHqR-egfSth-TADz4v-UhtwBR-6j2FE4-6iYJ93-8rFeDb-5och3Z-4ssLFb-6BXWqP-HYqPc9-daGTt-ogL1sP-6SXbnW-ucdjK-pVeZgD-6SXxyq-6SXbp5-3w524-8vNEVK-c3CcDU-6ST8N4-6z9dwS-53FXrL-6SXbmf-6STv2P-6SXbq7-6SXxsN-6SXxxE-6STuW8-6STuWX-2bi1EVd-6STv4H-6STv8g-6SXxvW-6SXxzu-6SXxu5

02.08.2022 Скопје

Денес во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а под покровителство на Општина Охрид, во водите на Охридското Езеро по 43. пат ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон во должина од 2,5 километри. Маратонот ќе се одржи со старт на плажата „Горица“ и цел на Градското пристаниште.

Од пливачкиот клуб „Охридски бранови“ информираа дека за учество на маратонот се пријавени 44 пливачи, од кои 29 мажи и 15 жени. Исто така, истакнаа дека натпреварувачите ќе бидат поделени во две категории, со што првата категорија е до 16 години, а втората од 17 до 35 години. Стартот на првата трка е од 10 часот, додека на втората од 10 часот и 45 минути. За регуларноста на трката ќе бидат ангажирани десет судии, а за безбедноста ќе се грижи Црвениот крст – Охрид.

Градоначалникот Кирил Пецаков изјави локалната самоуправа години наназад го поддржува настанот и ќе продолжи во иднина, со што се надева дека во наредните години кога ќе го добијат и затворениот базен, ќе учествуваат уште повеќе во градењето на вистински спортски личности, кои ќе постигнуваат врвни резултати во пливањето.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author