25.08.2022 Скопје
Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека за почеток на преговорите по поглавја ќе треба да се направат уставни измени во кои што ќе треба да бидат вклучени делови од други народи кои што живеат во државата, а кои што не се впишани во преамбулата. Ковачевски истакна дека земјава веќе ги има почнато преговорите со ЕУ, календарот на скрининг процесот веќе е објавен, на 14 септември тимовите ќе бидат во Брисел, каде што и официјално ќе се одржува првиот состанок. За таа цел Секретаријатот за европски прашања и вицепремиерот за европски интеграции, веќе работат на екипирање на преговарачкиот тим, многу скоро на седницата на Владата ќе се најде и преговарачката структура, истакна Ковачевски.
Во однос на тоа дека досега нема двотретинско мнозинство за промена на Уставот, и противењето на власта за предвремени избори, Ковачевски вели дека локалните избори минатиот викенд испратиле јасна порака, и било голем пораз на опозицијата. Според Ковачевски, на изборите минатиот викенд, победил европскиот концепт на владеачката коалиција и оти граѓаните на вонредните локални избори испратиле важни пораки, покажале дека знаат да изберат вистинска политичка опција, која што вистински се грижи за сите во овие тешки времиња.
Подготвено од М.Н.