22.08.2022 Скопје
Советот на Јавни обвинители во Среда ќе ја разгледува жалбата поднесена од шефицата на ОЈО за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Главната обвинителка беше суспендирана од главниот републички јавен обвинител, Љубомир Јовески. Тој донесе решение за одалечување од функцијана на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција додека трае кривичната постапка по поднесената кривична пријава од Арфат Муареми кој беше в.д. директор на Финансиска полиција.
63-тата седница на Советот на јавни обвинители ќе заседава на 24 август, Среда, и единствена точка на дневен ред ќе биде разгледување и решавање на жалбата на јавната обвинителка Вилма Русковска.
Подготвено од М.Н.