https://www.facebook.com/photo?fbid=628622685295312&set=pcb.628622735295307

25.08.2022 Скопје

Претседателот Стево Пендаровски е скептичен дека со овој парламентарен состав ќе може да се изгласаат уставните измени кои се неопходни за вториот чекор за преговорите за ЕУ што произлегуваат од билатералниот Протокол кој е потпишан со Бугарија.

Пендаровски во интервју за медиумите, изјави дека во досега потпишаните документи нема никаква опасност кон македонскиот идентитет и јазик, а дека ставот на опозицијата е наметнат од внатрешнопартиската логика. Ние не можеме никој со сила да натераме да гласа. Сегашната опозиција мислат дека документиве се опасност за македонскиот народ. Мојата проценка е дека многу тешко ќе се дојде во овој парламентарен состав до две третини гласови за уставните промени, затоа како што јас можам да проценам, опозицијата во македонскиот парламент договорот со Бугарија, односно преговарачката рамка со Европската Унија, го чита преку партиска диоптрија, изјави претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Подготвено од М.Н.

About Author