https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/5/5b/E.Go_Life_Genf_2019_1Y7A5161.jpg

11.08.2022 Скопје

Владата даде согласност за Договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“. Електрични возила e-go ќе се произведуваат во Македонија, со што во ТИРЗ ТЕТОВО ќе се отворат околу 4 000 нови работни места.

Во соопштението од владината прес-служба стои дека ова е за првпат во автомобилската индустрија во Македонија да се продуцира целосен автомобил и се за првпат ќе се произведуваат електрични автомобили. Додека пак, придобивките од оваа инвестиција се отворање на нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, до договори и дополнителна работа за локални компании.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author