05.08.2022 Скопје
Денеска во Пном Пен, Камбоџа, се одржува источноазискиот Самит на Асоцијацијата на државите од југоисточна Азија. Прак Сохон, министерот за надворешни работи на Камбоџа, го отвори Форумот и истакна дека годинава настанот се одржува во услови на многу опасности и изрази надеж дека сите делегати ќе го искористат Форумот како средство за ангажман и меѓусебна комуникација.
На овој Форум, на заедничка маса седнаа американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министрите за надворешни работи на Русија и на Кина, Сергеј Лавров и Ванг Ји.
Ванг Ји, министерот за надворешни работи на Кина, на состанокот на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија истакна дека Кина направила најголеми дипломатски напори за да ја избегне кризата, но никогаш нема да дозволи нејзините суштински интереси да бидат загрозени.
Кина ги влоши односите со Тајван поради посетата на Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајпеј, со што Кина започна воени маневри околу Тајван, додека пак Тајпеј денес соопшти дека десет воени бродови на кинеската армија и 20 ловци ја преминале линијата на раздвојување и накратко го нарушиле воздушниот остров.
Ентони Блинкен, американскиот државен секретар, овие чекори на Кина ги оцени како „провокации“ кои претставуваат „значителна ескалација“ на тензиите, но нагласи дека САД нема да бидат испровоцирани и ќе продолжат да го прават она што долго време го прават, ќе продолжат со поддршка за мир и стабилност. Воедно, Блинкен додаде дека ќе се држат до нивните сојузници и партнери и ќе работат со преку регионалните организации за им овозможат на пријателите во регионот да донесуваат свои одлуки, ослободени од принуда.
Подготвено од А.Ѓ.