Photo by form PxHere

28.08.2022 Скопје

Полицијата во бугарскиот град Бургас привела 60 годишен македонски државјанин откако во неговиот камион полицијата пронашла 88 илегални мигранти по потекло од Авганистан.

Министерката за Внатрешни работи во Бургас, Цветелина Рандева изјавила дека ова е прв случај до сега македонски државјанин да биде приведен поради илегален транспорт на мигранти. Досега имало државјани на други држави кои се бавеле со шверц на мигранти но со македонски државјанин никогаш немало, изјавила Рандева. Лицето со иницијали З.К. (60) според податоците од лична карта потекнувал од Гевгелија. Тој е задржан од страна на бугарската полиција во 24-часовен притвор, а по истекот на овој период се очекува Јавното обвинителство во Бургас да му го продолжи притворот за уште 72 часа. Истрагата за случајот е започната а судењето би можело да заврши следната недела.

Приведеното лице во полициската станица во Бургас изјавил дека немал никакви контакти со шверцери на мигранти, туку ги качил Авганистанците бидејќи му ветиле дека ќе му платат за превоз до одредено место.

Полициската акција следувала откако полицијата добила информација од двајца очевидци дека во камионот кај Дебелт се натовариле мигранти по што полицијата ги пресретнала во Бургас.

Авганистанците во текот на ноќта илегално ја поминале бугарско-турската граница и рано наутро веќе барале превоз до одредено место, по што македонскиот граѓанин за одредена цена се нафатил на да биде нивниот превоз.

Подготвено од М.Н.

About Author