16.08.2022 Скопје
Лидерот на опозицијата не може да уценува никого, сите негови обиди за дестабилизација на државата, сите лаги на опозицијата за наводната асимилација и бугаризација пропаднаа, веќе немаат никаков кребилитет пред граѓаните, се вели во соопштение од владеачката партија на Република Северна Македонија. Од партијата на власт порачаа дека, од опозицијата биле конфузни, наутро барале референдум а на пладне предвремени изботи.
Лидерот на опозицијата веќе не знае што да направи за да си ја спаси фотелјата во белата палата, откако грбот му го свртеа коалициските и другите опозициски партнери.
Избори ќе има, но во редовен термин, до тогаш опозициската партија ќе има време да се преиспита и да го смени своето деструктивно, антидржавно однесување кои се на штета на интересите на државата и граѓаните, потенцираа во соопштението од партијата на власт.
Подготвено од М.Н.