17.08.2022 Скопје
Со усвоените и јавно објавени Препораки на Заедничката мултидисциплинирана експертска комисија за историски и образовни прашања како меур од сапуница се распрснаа сите лаги на лидерот на опозицијата за менување и бришење на историјата, за историјата по бугарски терк, се вели во соопштението од партијата на власт, кое го имаат објавено на својата официјална фејсбук страна.
Од партијата додаваат дека станува збор за две групи на препораки, за заедничко честување на пет личности и пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Северна Македонија. Усвоените препораки за учебниците во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската и до бугарската влада, велат од партијата. Уште еднаш се покажа дека опозицијата е со една единствена цел, да се наруши процесот на решавање на отворените прашања и за разлика од опозицијата, Владата го штити македонскиот идентитет, јазик, историја и посебност и ја реализира стратешката цел за полноправно членство во ЕУ, се вели во соопштението од владеачката партија на Северна Македонија.