https://www.facebook.com/photo/?fbid=966179126873069&set=a.464805538546548

25.08.2022 Скопје

Цветан Трипуновски на својот Фејзбук профил напиша дека власта, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски ги уништуваат институциите во Република Северна Македонија. Според него, состојбата со АД Водостопанство станува неподнослива. Додека над 500 вработени од претприатието веќе трет месец се без плата, здравствено и пензиско осигурување, сега подружниците на водостопанство Брегалница, Прилепско поле, Тиквеш поради неисплатени долгови се со исклучена струја.

Додека АД Водостопанство се распаѓа, директорот Николовски и Ковачевски уживаат во комодитетот на функцијиите. Ваквиот начин на работа, на негрижа и неодговорно однесување од страна на функционерите на власта стана секојдневна пракса.

Според информации кои се пристигнати до мене, директорот на АД Водостопанство си ги преместува канцелариите на Водно, а за платите на вработените никаде не се води разговор.

Крајот на ваквото расипничко однесување доаѓа, наскоро следуваат промена, напиша Трипуновски на социјалната мрежа фејсбук.

Подготвено од М.Н.

About Author