03.08.2022 Скопје
Владината прес-служба соопшти дека Владата усвои Информација за пристапување на Северна Македонија кон програмата Дигитална Европа, која е подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација. Воедно, ова ќе обезбеди можности за финансирање на проектите кај сите компании, институции и граѓански организаци, кои ќе аплицираат со проекти за дигитализација на повиците во рамки на програмата. Додека пак, целта е да се забрза економското закрепнување и да се обликува дигиталната трансформација на европското општество и економија, носејќи придобивки за сите.
Клучен чекор во програмата Дигитална Европа – Digital Europe (DIGITAL) е приближување на дигиталните технологии кон бизнисите, граѓаните и јавната администрација за унапредување на живеењето и работењето. Програмата Дигитална Европа е нова програма на ЕУ и обезбедува стратешко финансирање, поддржувајќи проекти во клулни области на капацитет: суперкомпјутери, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини, обезбедување широка употреба на дигитални технологии низ економијата и општеството и вештачка интелигенција.
Подготвено од А.Ѓ.