https://www.facebook.com/photo?fbid=508200870676857&set=pcb.508200957343515

23.08.2022 Скопје

Формирањето на ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов закон за здруженија и фондации, ќе предложи на денешната седница на Владата, министерот за правда Никола Тупанчевски.
Ова Тупанчевски го најави денеска на прес-конференција, во врска со обидот да се спречат формираните бугарски здруженија во Северна Македонија. Министерот за правда на 15-ти овој месец најави состанок на Работната група, на кој ќе се дискутира за новиот Закон за здруженија и фондации, откако изминатиот период се отвори прашањето за издавање на дозволи за регистрирање на здруженија со спорни имиња на историски личности.

Целта на овие измени на законот е подобрување на правната рамка во делот на одредбите, кои се однесуваат на статусот на организација од јавен интерес, регистрации на граѓански организации, дефинирање на статус на непрофитни организации, како и начинот на нивно финансирање, појаснува министерот за правда.

Во однос на измените на Законот за санкции, министерот за правда истакна дека и понатаму е со истиот став, односно мора да се превенира и истовремено да се прецизира одредбата и на кој начин ќе се издржува казната затвор.

Сегашното решение е решение кое го има во многу држави во Европа и во светот, меѓутоа она на кое треба да се посвети посебно внимание е да не се злоупотреби одредбата која што во принцип е добра меѓутоа и покрај тоа што е на линија на компаративни решенија, кај нас имаме негативни консенквенции, кажа министерот за правда Тупанчевски.

Подготвено од М.Н.

About Author