https://www.facebook.com/olafscholz/photos/a.10160398644654311/10160703864504311/

11.08.2022 Скопје

Олаф Шолц, германскиот канцелар, е уверен дека Германија успешно ќе ја надмине кризата со природен гас. Воедно, додаде дека на самиот почеток на кризата, Германија изгласала многу важни одлуки и државата се подготвува за фактот дека ситуацијата може да стане многу тешка.

Како подготовки на Владата на Германија за посериозни сценарија се изградба на цевководи долж северниот брег на Германија, изградба на терминали за течен природен гас и полнење на складиштата за гас, а во однос на високите цени на енергенсите, Шолц истакна дека состојбата на граѓаните ќе се олесни по усвоените мерки на сојузно ниво за поддршка на населението.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author