06.08.2022 Скопје
Михајло Подољак, главниот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на твитер на македонски јазик напиша дека се заблагодарува за помошта од Република Северна Македонија за Украина. Во објавата на Подољак стои дека пријателот се познава во неволја и дека не е важно со каква големина е твојата земја, важно е какво е срцето. Воедно, истакна дека Украина никогаш нема да ја заборави помошта од Северна Македонија.
Северна Македонија на Украина и донираше тенкови Т-72, а се претпоставува дека на Украина и се испратени и четирите авиони „СУ-25“.
Подготвено од А.Ѓ.