07.08.2022 Скопје
Откако претходно Украина ја обвини Русија дека извршила нов ракетен напад врз најголемата нуклеарна централа во Запорожје, при што биле оштетени три сензори за мерење на радијација, Украина повика на нови меѓународни санкции кон Москва.
Како што известуваат од Украина, со новиот ракетен напад бил погоден и објект во кој биле складирани 174 контејнери со искористено нуклеарно гориво.
Нуклеарната централа во Запорожје беше заземена од руските сили на почетокот од војната, но се уште ја управуваат украински техничари. Воедно, фабриката се најде под оган и во петокот кога беше погоден високонапонски далновод во комплексот, но тогаш Москва го впери прстот кон украинските сили, затоа што фабриката моментално е под контрола на Русија.
Во моментов, како што соопштија од Меѓународната мисија за атомска енергија на ОН, не е регистрирано радиоактивно протекување, но предупредуваат од можен ризик за нуклеарна катастрофа и ги повикаа двете страни да покажат воздржаност.
Подготвено од А.Ѓ.