https://www.facebook.com/photo/?fbid=633657461448912&set=a.487435399404453

24.08.2022 Скопје

По повод Денот на независноста на Украина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи остварил телефонски разговор со неговиот колега од Украина Дмитро Кулеба, известија со соопштение од Министерството за надворешни работи во Северна Македонија. Министерот Османи, упатил искрени честитки по повод националниот ден, а воедно изразил и поддршка за борбата на украинскиот народ, стои во соопштението од МНР. Украинците, бранејќи ја својата татковина, се борат не само за својата слобода, туку и за слободата на целокупниот демократски свет и споделените европски вредности. Османи упати силна осуда за руската воена инвазија, што представува грубо кршење на меѓународното право и обид да се поткопаат темелите на европската и глобалната сигурност и стабилност.

Османи и Кулеба, како што е наведено во соопштението, разговарале и за европските перспективи на двете држави, особено од аспект на безбедносните импликации за европскиот континент, но и пошироко, а во контекст на новата геополитичка реалност.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *