https://www.flickr.com/photos/dalmorogalleryhotel/6367973937/in/photolist-aGHwN6-5yZWbA-2d21tYd-bm9UyU-927Joe-VeCFC8-UDEiNG-aCD84g-aGHx1M-51cEdU-U1gZ2n-eobmZz-71qBFW-9jSRnk-byNDdp-axa7aX-9KZhXv-Vb4ye5-6PHr95-ZVFnvQ-VeCHxF-bwutDR-doXvkd-6v27W1-bwu4YD-vJykW8-V3cMnB-djwK3o-e3NQzN-cMAVY-amPJfK-bmhifa-bmhiw4-bmhipi-VfTncQ-UBwpTZ-4xEmeQ-aVo8ic-LTRH83-RDzxkC-b6qkDp-VDEsUa-oan4qd-UBwpyF-UBwnvn-cShYuQ-bDTBPL-7U5QWK-UaiWc5-bUxN4C

05.08.2022 Скопје

Во угостителските објекти, цените на храната во просек се покачени за 11,5 отсто споредено со истиот период минатата година. Додека пак, од јуни до крајот на јули, има кумулативно поскапување од 4,2 отсто.

Бранот поскапувања не ги одмина угостителските објекти, со што ручек, вечера или прослава во угостителските објекти е на добар пат да стане луксуз за граѓаните.

Граѓаните секојдневно се соочуваат со нови поскапувања и повисоки цени на неопходните продукти и во маркетите и помалите продавници. Само пред неколку дена, лебот достигна рекордна цена од 93 денари, со што речиси нигде веќе не може да се најде леб под 50 денари. Исто така, минатиот месец поскапе и струјата, а се воведоа и тарифни блокови, од кои зависи дали и колку ќе изнесува сумата, која што на крајот од месецот граѓаните ќе треба да ја одвојат од семејниот буџет за да ги подмират своите обврски. За жал, поскапувањата за жителите на Скопје не застанаа тука, од минатата недела, скопјани ќе плаќаат повисоки сметки на парно греење по одлуката на регулаторна за зголемување на цената за 14,18 отсто и наместо сметка од 1 800 денари, ќе плаќаат сметка од околу 2 500 денари.

Цената на храната во угостителскиот сектор во просек е поскапа за 21,7 отсто, а најголем скок на цените има кај печеното месо со 27,2 отсто, кај салатите 25,8 отсто и кај слатките 31,8 отсто.

Според официјалните податоци на ДЗС, поскапувања има во секоја категорија – храна, алкохолни и безалкохолни пијалоци и ноќевања.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author