10.08.2022 Скопје
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, соопшти дека од септември, учениците кои ќе ја започнат учебната година по новата концепција ќе се соочат со недостиг на учебници, но тоа не значи дека ќе изостанат со своето образование.
Во координација со Бирото за образование, министерот Шаќири посочи дека подготвени се наставни материјали кои ќе го надополнат образовниот процес додека се чекаат учебниците. Додека пак, доцнењето на учебниците може да трае ден, месец или најдоцна до октомври. Воедно, нагласи секој ученик, родител, наставник и останатата јавност која ќе воочи дискриминаторска терминологија, стереотипи или недолична наставна материја во учебниците, да пријави во Министерството за образование за да се преземаат соодветни дејствија.
Подготвено од А.Ѓ.