31.08.2022 Скопје
Министерот за образование и науки, Јетон Шаќири, во свое обраќање кажа дека учебната година е далеку попотготвена од предходните неколку години, учениците од првиот ден ќе имаат учебници и помошни материјали. На прес-конференција, Шаќири изјавил дека интензивно се работело на новите наставни програми за прво, второ, четврто и петто одделение, за кои Бирото за развој на образованието подготвило интересни и интерактивни содржини и се изработуваат нови учебници. Шаќири истакнал дека знацително е зголемен бројот на образовни асистенти финансирани од буџетот на МОН кои ќе работат со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава, кои до минатата година беа 500 а сега се 720.
За капиталните инвестиции во образованието, изјавил дека втора година Буџетот е над милијарда денари, односно два ипол пати повеќе од предходните години. Министерот за образование и науки се осврна и на различнике категории на студентски стипендии за подобрување на студентскиот стандард, а за науката со буџет од 218 милиони денари се финансираат проекти на јавните научни установи и опремување на лабараториите.
Подготвено од М.Н.