https://www.flickr.com/photos/christomosexual/30090461435/in/photolist-MQZtRe-dxKorP-c8Y79S-5aUKYZ-5aUKHt-5aULgB-5aZ4mG-5aUL7K-4rurmJ-5aUKQB-66Vc3R-5ArkiD-9oWhdV-738o7L-2k1ppeE-9A2Zgn-eBfDdf-5BvWCf-7Daceh-Q8aHkb-28WVFTj-7VnAtQ-6myypu-6wDVV9-S6poY1-MQZmSz-6brXLC-BWwn6-8fAnFu-7dBNXV-frHBAA-LTxr8P-75qxjb-7b4Puj-bBYK4X-5khEfs-6hMgid-78y7FX-RkGdEW-kVX5bu-48J3pY-2kTpW6g-aE2cp7-nGkesk-48F8eE-e1kpVC-2nghBMm-e1eGXD-5BtuNJ-2jK5h77

26.08.2022 Скопје

Полициски службеници од бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога,оружје и опасни материи и Единица со недозволена трговија со дрога во координација со полициски службеници од СВР Куманово, во кумановското село Никуштак го лишија од слобода лицето С.И (40) од Арачиново.

Како што информираат од МВР, лицето е лишено од слобода како резултат на спроведена истрага на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случај на заплена на 100 килограми наркотична дрога марихуана на 31 март 2022 година во Штип. Во рамките на истрагата обезбедени се материјални докази за илволвираноста на наведеното лице во случајот.

Во координација со СВР Скопје, ЕНТДО и интервентна полиција, по претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд-Скопје бил извршен претрес во неговиот дом во село Арачиново, при што боле пронајдени мобилни телефони и сим картички, е наведено во соопштението од Министерството.

На лицето С.И. му е изречена мерка притвор во раење од 30 дена и истиот е спроведен во истражен затвор во Скопје.

Подготвено од М.Н.

About Author