28.08.2022 Скопје
Македонското еколошко друштво (МЕД) во просториите на Кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар ќе организира трибина за состојбата на бездомните кучиња во руралните средини. Од МЕД информираат дека оваа трибина ја организираат со цел да и се даде поголемо внимание на оваа тема. Според истражувањето на МЕД, во изминативе 10 години, забележано е присуство на кучиња кои се оставени длабоко во шумите. Ова се должи на неодговорноста на сопствениците, но и од недостиг од системот на заловување и згрижување на бездомните животни. Честа е глетката на оставени кучиња на планинските превои, велат од Македонското еколошко друштво.
Фокусот на трибината ќе биде на промената на однесувањети на кучињата кои се оставени во дивина, нивно хибридизирање со волци и притисокот што го прават ловејќи диви животни, конкретно пленот на рисот.
Подготвено од М.Н.