29.08.2022 Скопје
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска во Женева ќе го презентира Извештајот на Република Северна Македонија по Конвекцијата на ООН за правата на детето и по двата факултативни протоколи за вклученоста на децата во вооружени конфликти и за трговија со деца, детска проституција и детска порнографија.
Како што соопштија од МТСП, Тренчевска е предводник на делегацијата на Северна Македонија во состав на представници на Министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни работи, за образование, здравство, правда и надворешни работи.
Во соопштението е наведено дека министерката Тренчевска ќе има свое обраќање за правата на детето во Женева во текот на попладневните часови.
Подготвено од М.Н.