https://www.flickr.com/photos/edwinchowphotography/24729465811/in/photolist-DFfYCc-uAvAe-55TVQe-2nkcjB-4x3Te7-QXLLQ-4LLSF7-8pKRFs-6xPYfV-cf7mS-CSjB-5jULww-tZfKw6-wmP9m7-deERbW-5Zxd6C-4rGzXq-sDab-76uVvi-6D5dJ5-dh1YVU-59B96j-5HsDPX-bY1ZFG-aDh2w4-4tny5S-5K5oeR-8SSxwF-4E7e7w-7inwBj-YAk3-8mt6tr-23k2E27-4xxmYS-5HoMbN-6aozxJ-yBFib-6ajrvt-vd69H-83FxEH-2kok6iq-2j32sVz-2jGGEvn-2mHWxNA-fNiWiA-g8Dm69-f6eQ9-f6emJ-f6eHr-H8yrT4

14.08.2022 Скопје

Доналд Трамп е под истрага на ФБИ за можни прекршувања на законот за шпиунажа, што меѓу другото, го оневозможува споделувањето доверливи информации со оние кои не се овластени да ги имаат. Американските медиуми пишуваат дека Трамп му има дадено на Лавров високо доверливи информации дури и во периодот кога тој бил претседател. На почетокот на својот мандат Трамп му предал високо доверливи информации на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Налогот за претрес на имотот на Трамп јасно покажува загриженост за националната безбедност, изјави поранешната функционерка на американското Министерство за правда, Мери Мекорд.

Од друга страна пак, Трамп тврди дека сите документи што ги поседува се декласифицирани и се на безбедно место. Агентите на ФБИ заплениле десетици кутии со документи од имотот, вклучително и некои со информации за одбраната. Поранешната функционерка на американското Министерство за правда, Мекорд додаде дека имањето на високо доверливи документи на место каде што посетуваат бројни странски посетители и други лица кои можеби имаат врски со странски влади и агенти создава значајна безбедносна закана.

Подготвено од М.Н.

About Author