https://www.flickr.com/photos/gageskidmore/49290974816

23.08.2022 Скопје

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, поднесе тужба против американската влада поради претресот на неговиот имот и побара од судот привремено да го блокира Федералното биро за истраги ФБИ, за да ги прегледа материјалите кои што се запленети пред две недели од неговиот имот на Флорида, додека не се назначи специјален агент кој ќе ја надгледува оваа работа.

Во тужбата на Трамп, која била поднесена во понеделникот пред федералниот суд на Флорида, се бара и американското Министерство за правда да му достави детален список за предметите кои се запленети во неговиот дом од страна на ФБИ. За време на претресот, ФБИ заплениле 11 комплети на доверливи документи, од кои некои биле и означени како „строго доверливи“, односно биле документи кои се највисоко ниво на класификација резервирано за најстрого чувани информации за националната безбедност на САД и е достапно само во спцијални објекти во државата.

Подготвено од М.Н.

About Author