https://www.facebook.com/photo/?fbid=378555604465155&set=a.189165523404165

01.08.2022 Скопје

Според информациите на турското Министерство за одбрана, товарниот брод „Разони“ со првиот товар од 26 илјади тони пченка, под знамето на Сиера Леоне, го напушти пристаништето во Одеса. Според договорената процедура, бродот утре треба да пристигне во Истанбул, со што ќе биде извршена инспекциска контрола на товарот за да се спречат евентуални илегални испораки на оружје, по што ќе продолжи кон својата крајна дестинација, Либан. Наскоро се очекува да испловат и други бродови по договорените рути.

Почетокот на спроведување на спогодбата меѓу Русија и Украина за извоз на украинските житарици, постигната на 22 Јули со посредство на ОН и Турција, а со цел да се спречи криза со храна во светот, се означува со денешната испорака.

Во средата почна да функционира и посебен координативен центар за извоз на житото, тело во кое се застапени претставници на Украина, Русија, ОН и Турција, чија заедничка задача е надгледување и безбеден премин на украинските товарни бродови на претходно утврдени рути.

Со спогодбата и двете страни се обврзани на почитување на договорените безбедни коридори за бродовите во Црното Море и воздржување од воени активности.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author