https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/photos/pcb.623657772719491/623655469386388/

30.08.2022 Скопје

Поради големото невреме кое го зафати Скопје во попладневните часови, сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и Противпожарната бригада во Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси голем број на лица заглавени од невремето.

Се санираат и штетите кои се предизвикани од обилните наноси на дожд, има голем број на откорнати и паднати дрвја кои имаат нанесено значителни материјални штети поради силниот ветер кој беснееше во попладневните часови.

Тимовите составени од јавните предпријатија се на терен и ќе останат се до целосно санирање на проблемите на критичните места и до нормализација на состојбата.

Поради состојбата со улиците и атмосверските канализации, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска излезе со изјава и кажа дека најважната работа ќе и биде да се посвети на инфраструктурата и да биде санирана на долгорочен период за да нема повеќе вакви проблеми.

Исто така и градските јавни предпријатија кога ќе има најава за невреме, навреме да ги исчистат сливниците и да се направи се што е возможно за да ја немаме истата немила ситуација која се случи вечерва, изјавила градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *