31.08.2022 Скопје
Американската амбасадорка, Кејт Брнз, во интервју за една национална телевизија во Република Северна Македонија изјави дека кога станува збор за борба против корупцијата, мора да се гледа на целото општество и на целиот период на Владата.
Секој дел од структурата е одговорен за борба против корупцијата и да се обезбеди дека институциите во Северна Македонија се отпорни за да можат да ја притиснат корупцијата кога ќе ја видат или да не оставаат простор за таа да се исполни, изјави Брнз.
Брнз рече дека е битно постојано да се повторува дека е принципиелно за правосудниот сектор да биде целосно независен од било какви политички или други надворешни влијанија, и само така би имало големи промени со корупцијата на секое можно поле, внатре или надвор од политиката, изјави американската амбасадорка во заминување.
Таа како што е познато наскоро ќе биде заменета, на нејзино место ќе дојде Анџела Ангелер.
Подготвено од М.Н.