https://twitter.com/jensstoltenberg?ref_src=twsrc%5Egoogle%7Ctwcamp%5Eserp%7Ctwgr%5Eauthor

12.08.2022 Скопје

Во среда во седиштето на воената алијанса во Брисел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ, а потоа и со косовскиот премиер Албин Курти.

Во соопштението на НАТО стои дека Столтенберг прво ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ, по што во 15 часот и 30 минути ќе одржи заедничка прес-конференција.

Според косовскиот премиер Курти, тема на дијалогот треба да биде правно обврзувачки договор за нормализација на односите, со взаемно признавање на Косово и Србија.

Како што најави Вучиќ, тој на 17 и 18 Август ќе биде во Брисел и ќе разговара со генералниот секретар на НАТО, а ќе учествува и во дијалогот со Приштина.

Разговорите во седиштето на НАТО ќе се одржат само еден ден пред почетокот на новата рунда дијалог меѓу Косово и Србија, со посредство на Европската Унија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *