https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.flickr.com%2Fphotos%2F115270634%40N05%2F52068958806%2Fin%2Fphotolist-2nka2p5-2mX2QoZ-2naw16g-2keuyzM-a8vq3C-2i6Vb5F-2kSwCRP-2kLhfQg-LMvUXK-2jU5kHk-2mQ2nm9-2mBfpSU-2iQyo5q-2j4gxMQ-2nbKjQy-2kEu2Pj-YpiCph-2hbYos4-2k43b33-2k8U67y-2jzXPfr-2mSqVZf-2iFSwX9-2mu3g8J-2iVH5Nt-yF4agq-ccYoKE-2hQzFjS-2ke2yEp-2irL47V-2iHXT2A-2mM9QF5-2i8naMe-PPqpGv-Gd4R3p-2nAHPAM-2iABXRy-Zdgm56-2mKQF81-2mMz69S-2k6v7TH-2aAjDN9-2g4AjRf-2k9wr7Y-2mYizXk-2fj6sUt-2dbkAho-2muGwuP-2ngQaTQ-2jRpUAk%3Ffbclid%3DIwAR3UQC92zsQU7kp6zWut4PstaI-aI1j5ORVFxp25xrrOgQvNmf5tqbSfW0E&h=AT18c8XMhas6a2AHh95ftnYaSMaVhWk2JXbJw765T0Af8W6j8QhsOdDYdQ-dyfpzPv6iPz8Rp431v7iScKSoYmPd_GtfHJNAszPcObMSvqgeB2qN9zFaodZOTW9tZguR9Ygf

10.08.2022 Скопје

Четвртиот пакет санкции против Русија стапува на сила. Стапува на сила целосната забрана за купување руски јаглен за земјите членки на Европската Унија, испораките од Русија ќе бидат заменети со други земји.

Со оглед на тоа дека 70 отсто од увезениот јаглен досега доаѓаше од Русија, Европската Унија се надева дека ќе успеат да обезбедат доволни количини пред да почне зимата. Веќе е забележан пораст на увозот на јаглен во Холандија, Германија, Италија, Шпанија и Белгија.

Земјите од Европската Унија се согласија за преоден период од 120 дена, за да и дадат време на индустријата да се прилагоди на забраната за увоз. До крајот на годината се очекува да стапи на сила и делумната забрана за увоз на руска нафта.

Москва со голем попуст од околу 50 проценти договори испораките да се пренасочат кон Индија и Турција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author