04.08.2022 Скопје
Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека Владата ги остава работниците и граѓаните сами да се снаоѓаат како знаат и умеат во услови на пост-ковид, економска, енергетска и воена криза со која се соочуваат. Синдикатот додаде дека во изминатиот период, Владата немала слух за потребите на граѓаните и нејзините работници и наместо со навремени и таргетирани мерки, наместо со зголемување на платата да влијае директно на стандардот на граѓаните, Владата одбива да ги зголеми, односно да ги усогласи платите на нејзините вработени и во оваа економска и енергетска криза ги остава на работ на егзистенција.
Од ССМ нагласија дека работниците работат, а се сиромашни и не можат да си ги прехранат семејствата. Исто така, додадоа дека без оправдани причини, Владата не овозможи зголемување на платите, односно нивно усогласување со минималната плата.
Подготвено од А.Ѓ.