20.08.2022 Скопје
Сојузот на синдикати на македонија бара Владата и работодавачите од приватниот сектор веднаш да пристапат кон зголемување на платите на работниците, бидејќи, како што велат, и во време на ковид пандемија, работниците со својата работа помогнале да се зголеми капиталот на работодавачите, а државата наплаќала приходи по основа на даноци.
Од ССМ посочуваат дека за разлика од зголемената добивка на капиталот на работодавачите, платите на работниците се зголемени само за 5,8 проценти, колку што се зголемила просечната плата од Декември 2020 до Декември 2021 година според Државниот завод за статистика. Ова е период за кој Државниот завод за ревизија во извештајот за превземени владини мерки и политики за поддршка на вработувањето и професии погодени од ковид-пандемијата констатира намалени приходи на Буџетот на РСМ во вкупен износ од 1.437.005 илјади денари, односно околу 23 млиони евра, а голем дел од тие средства не ни стигнаа на сметките на работниците, а за што ССМ предупредуваше дека ќе се случи, стои во соопштението на ССМ.
Подготвено од М.Н.