03.08.2022 Скопје
Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, изјави дека српската и косовската страна треба да ги решат проблемите дипломатски и „конструктивно да се вклучат“ во дијалогот со посредство на Европската Унија.
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, на твитер напиша дека разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за тензиите на северот на Косово. Воедно, додаде дека КФОР е подготвен да интервенира, доколку е загрозена стабилноста.
Подготвено од А.Ѓ.