https://www.facebook.com/photo/?fbid=620251819464340&set=a.262689908553868

26.08.2022 Скопје

Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби се повлече и сега стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово ќе остане во владение на општината.

Ние им служиме на нашите граѓани без никаква резерва и немаме заробен ум или злобна душа да им се одмаздиме на граѓаните или пак институциите, тоа го имаме докажано во изминатите 21 година и тоа никогаш нема да се промени, напиша Груби на социјалната мрежа Фејзбук. Груби напиша дека во одлуката објектот да се отстапи на Агенцијата за катастар на недвижноста немало никакви тенденции, тоа било побарано уште од кога Теута Арифи била градоначалничка на Тетово, појаснува Груби.

Владата тогаш ја разгледа разумноста на ова барање за задоволување на просторните потреби на Агенцијата за катастар, која ја чуваше документацијата на несоодветни простори и даваше услуги во непристојни услови за граѓаните на Тетово и ја усвои одлуката, но на барање на општината тогаш и ги врати просториите на располагање на училиштето. Агенцијата за катастар го повтори своето барање оваа година со образложение дека постојат простории кои не се користат. Без никаква намерна тенденција, исто како и во 2021 година, Владата ја усвои одлуката тие простории да преминат на користење на наведената агенција за да им служат на граѓаните на Општина Тетово, напиша Артан Груби.

Подготвено од М.Н.

About Author