22.08.2022 Скопје
Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин денеска е во работна посета во Москва и ќе оствари средба со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Според информации од руското министерство за надворешни работи, Лавров и Вулин ќе разговараат за соработка на Русија и Србија и ќе разговараат за тензиите на Косово и Метохија, кои ескалираа на почетокот на јули годинава.
Европската унија посредуваше на средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на 18 Август, но разговорите не дадоа никакви позитивни резултати. Засега Приштина одлучи да ја одложи забраната за спроведување на српските документи и регистерски таблички до 1 септември.
Москва ги повика Приштина, Вашингтон и Брисел да стават крај на неодговорните провокации и да го обезбедат правото на српското население на северот од Косово.
Ситуацијата во Украина ќе биде уште една тема на дневниот ред на средбата на Лавров и Вулин, известуваат од руското министерство за надвотешни работи.
Подготвено од М.Н.