https://www.facebook.com/photo/?fbid=615385700174580&set=pcb.615385840174566

26.08.2022 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи напиша дека се надева на компромис со Приштина во следните денови, иако за регистарските таблички и други важни прашања не може да се најде решение.

Продолжуваме со разговори и веруваме дека може да се постигне некаков компромис, иако е јасно дека решение за табличките и други големи прашања не можат да се постигнат, напиша Вучиќ.
Косово и Србија претходно имаа средба во Брисел за да договорат компромисни решенија од кои и двете страни ќе бидат задоволни, но преговорите завршија неуспешно.

Дололку се најде заедничко решение за настанатите тензии помеѓу Косово и Србија, населението нема да стравува од конфликти и секако тоа би значело зачувување на мирот во тој регион.

Подготвено од М.Н.

About Author