https://www.facebook.com/photo.php?fbid=601773031319640&set=pb.100044608441941.-2207520000..&type=3

01.08.2022 Скопје

Со целосната или делумната реконструкција на 75 објекти на Министерството за внатрешни работи ширум државата, во период од пет години, спроведени се мерки за зголемување на енергетската ефикасност во 46 објекти, за чија имплементација се инвестирани околу 450 000 000 денари од буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството за внатрешни работи информира дека стариот начин на загревање е заменет со нов и поекономичен во 23 од реконструираните објекти, за што биле инвестирани околу 18 000 000 денари. Воедно, истакнаа дека од нив, најголемиот дел го промениле затоплувањето со дрва во затоплување со електричен котел, електрични ВРФ системи, со инсталирање на топлински пумпи. Исто така, од МВР објавуваат дека во објектите се употребени енергетско ефикасни материјали, односно термоизолациски фасади и замена на старата дограма со нови ПВЦ или алуминиумски прозорци.

До крајов на годинава, според најавата од страна на МВР, е планирана и финализација на реконструкциите во ОВР Делчево, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе, а годинава ќе отпочнат и активностите за реновирање на Полициската академија во Идризово, управните служби во Македонската телевизија, како и изградба на новиот објект на ПС ОН Аеродром. Исто така, во тек е и поставувањето на соларни панели за 15 објекти на МВР.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author