https://www.facebook.com/photo/?fbid=376929101284290&set=pb.100069016095883.-2207520000..

21.08.2022 Скопје

Доцна синоќа околу 21.40 часот на улицата Бојмија во Скопје, полициски службеници одзедоа шест возила, поради учество на т.н диви трки.

Возилата ќе бидат однесени во Станица за технички преглед, каде ќе им биде направен вонреден технички преглед и да се увиди нивната исправност, а против сопствениците ќе биде поднесен соодветен поднесок, бидејќи го загрозувале сообраќајот и јавниот ред и мир, соопштија од МВР. Полицијата најави дека и во наредниот период ќе продолжи со мерките и активностите со цел да се обезбеди побезбеден сообраќај, и од МВР апелираа до граѓаните доколку некаде има организација на вакви диви трки низ улиците на Скопје, веднаш да пријават во најблиската полициска станица.

Подготвено од М.Н.

About Author