03.08.2022 Скопје
Денеска во Подгорица, црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и српскиот патријарх Порфирил го потпишаа Темелниот договор, со кој се регулира функционирањето на СПЦ во Црна Гора. Потпишувањето на Темелниот договор подолго време беше одложувано, а прашањето предизвикуваше и политички и општествени несогласувања во Црна Гора.
За време на потпишувањето на Темелниот договор, пред вилата „Горица“ во главниот град на Црна Гора протестирала помала група граѓани.
Мило Ѓукановиќ, претседателот на Црна Гора, минатата недела изјави дека ако биде потпишан договорот со СПЦ, ќе ја повлече поддршката што неговата партија и ја даваше на малцинската Влада на премиерот Абазовиќ.
Подготвено од А.Ѓ.