29.08.2022 Скопје
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски заедно со граѓаните верници, како што напишал на неговиот фејсбук профил, присуствувал на Света Божествена Литургија во манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, по повод празникот на чудотворецот кој е светец заштитник на градот Крива Паланка.
Свети Јоаким Осоговски бил светител и Божји угодник, кој не бил само човек кој правел подвизи и дал пример само за тоа време, туку подвизи за пример на сите генерации, за тоа како да се живее со чисто срце и просветлен ум, на еден повисок и духовен степен, напиша министерот Спасовски.
Во име на подвизите на овој светец, на сите православни верници им посакувам добро здравје и духовен мир, на сите, особено на жителите на градот Крива Паланка нека е среќен и за многу години празникот „Св.Јоаким Осоговски“, објави министерот Спасовски на својот фејсбук профил.
Подготвено од М.Н.