22.08.2022 Скопје
Во интервју за албанска телевизија, лидерот на единствена македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ, Васил Стерјовски изјавил дека македонската заедница, Бугарија ја смета како бугарска и дека таква е политиката на Софија кон македонското малцинство секаде каде што го има на Балканот. Во Албанија нема бугарско малцинство, изјавил Стерјовски, сите тие изјави од бугарската страна се поврзани со политиката и односот на бугарската држава, што таа го има воопшто со македонската нација и со Македонија. Искористувајќи го членството во Европската Унија, Бугарија се закани со вето и изврши притисок на Албанија да признае непостоечко малцинство.
Македонското малцинство се чувствува загрозено од однесувањето на Бугарија и внатрешното мешање во работите на Албанија, од каде пак нема никакви реакции. Тоа се должи на приоритетот на Албанија, а тоа е отварање на преговорите за членство во ЕУ и да нема никакви проблеми како држава со Бугарија, затоа и остави слободно да се шири оваа бугарска пропаганда, и за жал има грубо мешање во внатрешните работи на Албанија за асимилација на македонското малцинство.
Подготвено од М.Н.