https://www.facebook.com/photo/?fbid=1511628815562971&set=a.296815349143356

08.08.2022 Скопје

Стартот на новите даночни реформи, Владата го најавува за 1 јануари 2023 година. Дел од новата даночна реформа е плаќање на 10 проценти данок на добивка, доколку штедите пари во банка и остварите приход од тоа.

Владата со новите даночни реформи планира да собере околу 60 милиони евра плус во Буџетот и истите е во план да ги инвестира во здравството, енергетските капацитети, патната и железничката инфраструктура.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, соопшти дека ќе се укинат повластените даночни ставки во неколку сектори, а ќе се воведат даноци онаку каде што досега не постоеле.

Нови даночни реформи ќе има и во данокот на личен данок, ДДВ и акцизите. Воедно, се намалуваат даночните олеснувања за вложувањата во спортот, а компаниите ќе плаќаат данок и на добивката која ја реинвестираат. Нема да има поволности за придонесите за доброволниот пензиски фонд, но и за премиите за животно осигурување. Највисоката месечна пресметка за социјалните придонеси ќе се укине, а придонеси ќе се плаќаат и за хонорари по договори на дело.

Министерот за финансии истакна дека овие реформи не се воведуваат само поради кризата, туку заради одржлив систем во иднина и заради помало задолжување и поквалитетни јавни услуги.

Даночниот експерт Павле Гацов смета дека Владата и овој пат го избира полесниот начин за прибирање на повисоки даночни приходи, но по повисока политичка цена. Воедно, Гацов додаде и дека останува чувството дека оние што плаќаат данок, сега ќе треба да плаќаат повеќе, за да не се наруши комоцијата на надлежните органи, како и финансиските позиции на оние кои работат на црно, со непријавени работници, не издавање фискални сметки, наплата во готово без оданочување.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author