13.08.2022 Скопје
Министерството за внатрешни работи информира дека во вчерашниот ден со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 261 возач. Од санкционираните возачи 15 возачи се движеле со брзина над 50 км на час повеќе од дозволеното, а 170 возачи ја пречекориле брзината во населено место, стои во соопштението од Министерството за Внатрешни работи.
Од Министерството информираат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови и упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон правилата и прописите заради безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Подготвено од М.Н.