https://www.flickr.com/photos/azuaje/5865373724

09.08.2022 Скопје

Казните за забавите на отворено на кои се пие алкохол, познати како „ботелонес“, изнесуваа од 60 до 100 евра, а сега градот Барселона ги зголеми на 600 евра од човек.

Шефот на полицијата Гуардија Урбана, Педро Веласкез, истакна дека од 2 до 8 Август биле казнети 747 луѓе со по 100 евра, поради пиење алкохол на улица.

Поради нарушувањето на јавниот ред и мир ќе бидат воведени повисоките казни, а за степенот на казната ќе одлучи полицаецот на самиот настан.

Критичарите за ваквиот тип на казни, кои се дел од строгите закони на претходната десничарска влада, сметаат дека ја уништуваат слободата на говор и слободата на младите да уживаат во летните денови.

Забавите „ботелонес“, каде десетици, стотици, а повремено и илјадници млади луѓе навечер се собираат на плоштадите, парковите или на плажите да пијат алкохол не е нов феномен за градот. Овој тип на забави станаа значителна непријатност во Барселона минатото лето кога полициските часови и строгите ограничувања поради пандемијата, значеа дека баровите можеа да се отворат само во ограничени часови.

Новата одлука со која се принудуваат терасите на отворено, во најтуристичките делови на градот, да се затворат во 23 часот, според сопствениците на баровите и рестораните ќе предизвика повеќе собири низ градот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author