https://www.facebook.com/jpisar/photos/a.1535891346687882/3163239227286411

02.08.2022 Скопје

Најголемите маки на комуналните претпријатија во земјава се загуби на вода од над 60%, секојдневно пукање на цевки, но и кражби на вода. Штипското комунално претпријатие месечно открива од пет до десет диви приклучоци.

Последните податоци од кампањата „Разбистри се“ покажаа дека 88,9 проценти од населението се снабдуваат со вода за пиење преку водоводен систем. Во селата од Североисточниот, Југозападниот и Полошкиот регион има слаба покриеност и тоа околу 30 проценти од домаќинствата немаат пристап до водовод.

Од ЈП „Исар“ истакнаа дека кражбата на вода е кривично дело и се заканија дека ќе следат пријави и до Јавното Обвинителство.

Надлежните потенцираа дека ова доведува до дестабилизација на водоводниот систем и намалување на притисокот во високите зони, со што додека едни водата ја користат за полевање на своите градини и дворови, други пак граѓани во висококатниците немаат вода за основна хигиена.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author